Компанијата "Тотал Логистик" планира да откупи 15% од вкупната годинешна реколта на индустриско јаболко во Ресен, која ќе ја искористи за свои потреби, односно за производство на целокупнота линија на сокови "Санголд" и "Пипо", како и за извоз на суровината за производство на сокови во европските пазари. Годинешната реколта на јаболка од Ресен се очекува да достигне количина од 80.000 тона и да биде со поквалитетен род од лани. Компанијата за прв пат откупува домашни јаболка за своите потреби, со што сака да го потенцира квалитетот на македонското јаболка и да го употреби истото во своето производството на домашните сокови. Со годинешниот откуп на јаболка за суровина која ќе се употреби во производството на нашите сокови Санголд" како и за извоз на европските пазари, сакаме да ја истакнеме уште повеќе потребата од одгледување на македонски јаболка, кое со својот квалитет и цена може да се искористи во производството на македонски сокови и истовремено да го промовираме и стимулираме домашното производство и извозот.
Компанијата "Тотал Логистик" планира да откупи 15% од вкупната годинешна реколта на индустриско јаболко во Ресен, која ќе ја искористи за свои потреби, односно за производство на целокупнота линија на сокови "Санголд" и "Пипо", како и за извоз на суровината за производство на сокови во европските пазари.
Годинешната реколта на јаболка од Ресен се очекува да достигне количина од 80.000 тона и да биде со поквалитетен род од лани.
Компанијата за прв пат откупува домашни јаболка за своите потреби, со што сака да го потенцира квалитетот на македонското јаболка и да го употреби истото во своето производството на домашните сокови.
- Со годинешниот откуп на јаболка за суровина која ќе се употреби во производството на нашите сокови Санголд" како и за извоз на европските пазари, сакаме да ја истакнеме уште повеќе потребата од одгледување на македонски јаболка, кое со својот квалитет и цена може да се искористи во производството на македонски сокови и истовремено да го промовираме и стимулираме домашното производство и извозот - истакнаа од "Тотал Логистик" кои наскоро ќе започнат со дистибуција на козметички производи за лична нега од фудбалскиот брендт Умбро и тенискиот брендот Хед.